По повод 77-годишнината од ослободување на Вевчани, во новоотворениот културен информативен уметнички центар во Вевчани отворена e ликовна изложба на м-р Ангелина Спировска и м-р Владо Мукоски, академски сликари од Скопје.
Насловот на серијата ликовни дела е „Метакосмија“ и истата на почетоков од летово беше отворена во Македонскиот културно-информативниот центар во Софија,соседна Бугарија.
Изложбата ја отвори градоначлникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, додека осврт за творештвото на двајцата истаканти македонски ликовним уметници Спировска и Мукоски даде новинарот и писател Мишо Китаноски.
Тој меѓу другото истакна дека овие нови ликовни дела на двајцата сликари се создадени во време на пандемијата односно кога луѓето беа приморани да се самодисциплинираат и изолираат што претставува едно силно внатрешно емотивно доживување и инспирација.
-Двајцата автори со отворени очи гледајќи на самоизолацијата како затворен празен меѓупростор,односно затворени во себе,на најдобар начин им послужи како предизвик за инспирација која преку боите трагаат во Метакосмијата во човекот и во неговот интимен свет, истакна во својот осврт М.Китаноски.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари