Лев банер Десен банер

Со претставата ,,ДУХ“ Охридскиот театар ќе прослави 10 години постоење

Јубилејот 10 години постоење, Охридскиот театар ќе го прослави со претставата ,,Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски.
Премиерата е закажана за 02.10.2021 година со почеток во 20:00 часот, а ќе се игта во малата сала. Цената на билетите е 250 денари.
Репризата на претставата е закажана за ден потоа (03.10) во 20:00 часот.
Билетите по цена од 250 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре (четврток )на билетарата при НУЦК,,Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Strugaonline

error: