„Сите патишта“ е новата емотивна песна на ДНК

- Музика
903

Групата ДНК ја промовира новата песна со наслов „Сите патишта“.

И зад оваа тема стојат потписите на веќе проверениот двоец – Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е снимено во осум скопски општини и под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, а самата приказна го следи текстот кој, како што велат Панчо и Андреј, е создаден сосема спонтано и од срце.

„Песната е за сите оние кои во срцата си ги носат своите маала. Многу емотивна тема, иако создадена случајно и спонтано, од срце. Коментарите на повеќето се дека текстот допира, па искрено веруваме дека секој кој ќе ја чуе барем преку спомените ќе успееме да го вратиме во старото маало, велат Панчо и Андреј.

Кадрите за видеото се снимани во Сарај, Ѓорче, Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Аеродром и Бутел и, секако, на Водно каде всушност и се заокружува целата приказна.

Facebook Коментари