ЈП ,,Еремија“-Вевчани спроведува акција за утврдување диви приклучоци на водоводната мрежа
ЈП ,,Еремија“ Вевчани информира дека во тек е акција за утврдување на диви приклучоци на водоводната мрежа.

Од претпријатието потенцираат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето на сите корисници во општина Вевчани.
Од ,,Еремија“ апелираат и ги повикуваат граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барање за водоводен приклучок доколку за тоа има потреба.
,,Поради горе-наведеното, односно за заштита на системот за водоснабдување, се спроведува оваа акција чија цел е да ги заштитат граѓаните кои редовно и регуларно ги извршуваат своите обврски кон ЈП ,,Еремија“,,-додаваат од таму.
Дивите приклучоци се забранети со закон ( член 23 од законот за водоснабдување).
Од ,Еремија“ информираат дека неотстранет див приклучок носи покренување на прекршочна постапка за сторено кривично дело согласно законот за водоснабдување, член 37.
Strugaonline

