Вардар славеше над актуелниот европски вицепрвак Алборг

- Спорт
281

Вардар повторно потсетува на славните шампионски денови во ЕХФ лигата на шампионите. Во третото коло од групната фаза во СЦ „Јане Сандански” беше поразен актуелниот европски вицепрвак Алборг, со 30-28 (16-16) што беше втор триумф за Вардар по ред сезонава. Одличниот Тимур Дибиров и Борко Ристовски во првото полувреме, а потоа Борко Ристовски заедно со браќата Њокас (Оливие и Кевин) и Џереми Тото беа добитната комбинација на македонскиот првак.

Вардар покажа карактер, желба, мотив и пред гласната публика во СЦ „Јане Сандански” се справи со Данците кои во првото полувреме имаа предност од 8-4 во 11 минута. Тоа беше период во која Вардар тргна добро, а потоа за само четири минути гостите со пресврт и серија од 5-0 дојдоа во водство. Тешко се играше против брзите гости, кои на другата страна постигнуваа лесни голови.

По 15 минути играње меѓу стативите застанува Борко Ристовски. Тогаш полека работите се вртат. Алборг уште еднаш има „плус 4′ за водство 7-11, по штоследува серија на Вардар од 3-0 и во 19 минута намалуваме на 10-11. Ристовски до крај на првото полувреме има пет успешни одбрани, а во 24 минута Вардар повторно израмнува, 13-13. До крај пак се игра „гол за гол”, а откако Дибиров донесе водство од 16-15, последниот упатен удар на Кристенсен Ристовски ја имаше во рацете, но сепак се лизна и заврши во мрежата, за реми на полувреме 16-16.

„Црвено-црните” го почнаа вториот делсо два гола на Тото и еден на Оливие Њокас. По пет минути играње во вториот дел, почна и шоуто на Ристовски и Оливие Њокас.
Ристовски го брани пеналот на Бартхолд, а потоа и одбиената топка. Оливие и Тото првпат му носат „плус 3″ на Вардар за водствоп 21-18. Ристовски уште еднаш брани пенал, овојпат на Антонсен. Вардар долго се обидуваше да ја „скрши” бариерата од три гола и да има „плус 4″, но ниту еднаш не успеа во тоа. Разликата остана од „плус3″ до „плус 2″. Вардар го одржуваше водството и во последните шест минути од средбата првпат влезе со предност од четири гола (28-24).

Но Алборг покажа зошто некои го сметаа за фаворит. за четири минути ги искористи сите шанси и наши технички грешки и намали на 29-28 во 58 минута давајќи му крајно неизвесна завршница на мечот. Оливие Њокас го одигра својот најдобра меч досега во Вардар и со седмиот гол ја запечати победата, 30-28.

Извор и фото : РК Вардар

Facebook Коментари