Рамиз Мерко од Калишта: Нашиот план е да ја претвориме оваа населба во туристичка дестинација

„Калишта со покажуваната поддршка вечерва уште еднаш докажува дека има доверба во нашата работа и програма.
На денешната средба со жителите на Калишта, уште еднаш го истакнав нашиот план да ја претвориме оваа населба во туристичка дестинација.
Ќе се потрудиме да работиме во оваа насока и ќе го промовираме развојот на руралниот туризам и еко-туризмот во ова населено место и пошироко.

Разговаравме и за добрата направена работа во Калишта во рамките на овој мандат и ги уверивме жителите дека ќе продолжиме во ист тренд и во иднина. – истакна кандидатот за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко.
