Кандидатот за градоначалник Димче Шипинкароски на средба со граѓаните на Октиси

Во рамки на предизборната кампања, кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ, заедно со својот тим, денеска оствари средба со пазарџиите и купувачите во Октиси.

– Пред жителите ја промовиравме програмата, разговаравме за понатамошни вложувања со конкретни проекти со цел уредување и на ова населено место од општината. Дел од конкретните проекти и планови се: Асфалтирање на улици, подобрување на водоводен и канализационен систем, целосно реконструирање на фудбалското игралиште како и изградба на повеќенаменско игралиште за деца,,- изјави Шипинкароски.
Strugaonline
