Лев банер Десен банер

Претставата ,,Сопружници“ во петок пред охридската публика

Тетарската претстава,,Сопружници”  oд Вуди Ален,  во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на Н.У Центар за култура ,,Григор Прличев-Охрид.
Љубителите на театарот, оваа претстава ќе имаат можност да ја проследат на 15.10.2021 година со почеток во 20.00 часот во малата сала.
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката  Драгана Таневска.
Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Strugaonline

error: