Време- Умерено до значително облачно и ветровито

- Македонија
357

Во западните делови умерено до значително облачно, а во источните посончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Утре ќе преовладува умерено облачно време, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари