Лев банер Десен банер

Успешната приказна на Пеце Клечкароски- прв производител на домашно чоколадo во Македонија

Во денешното издание на емисијата Play cafe во студиото имавме вистински доктор за чоколадо. Станува збор за Пеце Клечкароски од Драслајца, кој по вокација е музичар, но сега се занимава со друг вид на уметност.  Тој го создаде брендот ,,Леска“ и истиот е практично составен од уникатни намази. Приказната започна со домашен крем од лешници, но постојано креативно се развива и создава нови вкустови. Пеце е и првиот производител на домашно чоколадо во Македонија.

Користи уникатни намирницни, а несебично ја открива и тајната на оригиналните вкусови кои ги добива во своето производство- тоа е какаото што го набавува од Гана и Африка. Деталите за неговите  производи ги сподели со слушателите на Play radio.

Разговорот можете да го проследите на следново видео:

Извор: Play radio

error: