Продолжува капиталниот прокет за изградба на цевковод, Струга ќе добие поквалитетна вода за пиење

- Локални, Останати
482
Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко  излезе на терен за да го проследи продолжувањето на капиталниот проект за изградба на цевководот за снабдување со вода за пиење и подобар квалитет на истата, замена на азбестните цевководи и обезбедување соодветни количини вода за руралните населени места.
,,Овој капитален проект за градот и околината бара професионализам во реализацијата, со цевковод Ф600, со највисок квалитет за водоснабдување и притисок до 10 бари. Ќе се разгранува и дистрибуира, каде што ќе биде опфатен целиот град во двата правци, од делот на езерото и делот на автопатот, до реката Сатеска.,,-соопштија од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари