Едукативниот центар ,,Таргет“ ребрендиран во ,,Таргет+“

- Локални
914

Со слоганот ,,Таргетирај знаење, секогаш биди во плус“, Едукативниот центар ,,Таргет“ -Струга и официјално е ребрендиран во ,,Таргет+“

,,Со ново име, но иста главна цел- да влезете во светот на знаењето, ве повикуваме да учите во нашиот центар и да ги стекнете потребните знаења и квалификации со помош на стручни професори“ – велат од Таргет +.

Едукативниот центар ,,Таргет+“ нуди часови по математика за основно, средно и високо образование како и подготовка за полагање испити и колоквиуми.

Курсеви за деца и возрасни по англиски, германски, италијански, македонски, француски, турски и албански јазик.

Таргет+ е овластен застапник за полагање ESB меѓународен сертификат по англиски јазик признат од сите одбори за акредитација.

Нудат и обуки за други меѓународни сертификати како што се: TOEFL, APTIS, IELTS, FCE и други.

За љубителите на компјутерските вештини, Таргет+ соработува со детскиот дел на Семос едукација-Скопје. Во рамки на оваа програма за деца, ви нуди 10% попуст за сите деца и тинејџери кои ќе се пријават во нивниот центар.

За подетални информации обратете се во ,,Таргет+“ или на телефон 078 633 905

 

Facebook Коментари