Време- Утрото студено, преку ден сончево со мала локална облачност

- Македонија
304

Наутро студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени.

Утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари