Време-Сончево со мала локална облачност, во текот на ноќта врнежи од снег

- Македонија
298

Сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува особено во источните подрачја. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од -2 до 4 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари