Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, оствари средба со заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ Во Република Северна Македонија, Јулијан Васало.

–На средбата се разговараше за понатамошната соработка меѓу Општина Струга и делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, а главна тема на средбата беше отворањето на Европски центар во нашиот град, што ќе придонесе за остварување на локалните барања на младите.
Сите овие напори имаат заедничка цел – зајакнување на гласот на младите во општеството и нивно охрабрување да имаат поголема улога во идентификувањето и справувањето со предизвиците. -информираат од Општина Струга.

Соговорниците посетија погодни локации за отворање на овој центар и извршија увид во дел од проектните активности реализирани со помош на фондовите на Европската Унија.

Градоначалникот Мерко изрази благодарност што за оваа инвестиција е избран градот Струга, бидејќи Струга е позната како град на соживот и тоа е една од најголемите вредности што ги поседува. Меѓу другото, се разговараше и за локалниот економски развој, туризмот и заштитата на животната средина.
Strugaonline
Facebook Коментари