ФК ,,Караорман“ беше домаќин на младинците од ,,Црвена Звезда“, најавена соработка помеѓу овие два клуба
ФК Караорман од Струга на домашен терен одигра пријателски натпревар со младинците на поранешниот европски првак ,,Црвена Звезда“ од Белград. Гостите славеа со резултат 0:7.

,,Имавме прекрасно искуство, претставникот на Црвена Звезда беше воодушевен од местоположбата на стадионот и на нашиот град воопшто. Натпреварот се одигра во одлична атмосфера, за истата, освен играчите, голем придонес имаше и бројната публика. Нашата соработка со младинците на Црвена Звезда ќе продолжи и понатаму.,, – изјави за Strugaonline Маријан Ќушкоски, претставник на ФК Караорман.
Тој додаде дека ФК Караорман како сериозен претендент за влез во втора лига, во наредниов период ќе има промени и во организациска и играчка смисла.
Strugaonline

