Полицијата пронајде три паковки со марихуана кај жител на Србија на патот Струга-Охрид

- Локални
678


На 14.02.2022 во 19 часот во ОВР Струга е приведен И.А.(25) од Прешево, Република Србија. При преглед извршен на регионалниот пат Струга-Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа три опаковки со марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари