Бектеши: Наместо замрзнати цени, ќе има дефинирање на одредени маржи во трговијата на мало и големо

- Македонија
528

На крај на месецов истекува мерката за замрзнување  на цените на основните прехранбени производи.

Од следниот месец ќе има измени и најверојатно ќе има дефинирање на одредени маржи во трговијата на големо и на мало, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

– При крај се сите анализи во секторот трговија и во соработка со другите економски ресори во Владата. Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно производителите и трговците со прехранбените производи, тие производи кои се наведени во одлуката за замрзнување, за да најдеме начин се со цел да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата и на мало и на големо, имајќи во предвид дека во дел од производите што ги произведуваме домашно секако дека таму може да се интервенира. Но, ние сме забележале дека и тие производи кои што се увезуваат во нашата држава кај нив има поголемо зголемување на цените, затоа најверојатно ќе се оди на опцијата на маржите – објасни Бектеши.

Facebook Коментари