Започнува пријавувањето за второто издание на ,,Трка на поезијата“

- Локални, Спорт
712
Започнува пријавувањето за второто издание на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“ што ќе се одржи на 22 мај во Струга.
,,Оваа година за сите вас подготвивме интересни пакети со надеж дека секој ќе може да се пронајде во некоја од понудените опции. Ќе може да се пријавите на трките од 5 км и 10 км, со опција за бирање на соодветен пакет. За прв пат оваа година нудиме опција за регистрација само со стартно бројче – стандард пакет и опција за регистрација со комплетен пакет (ранче, маица и поклони од спонзори).,, -информираат организаторите.
Тие додаваат дека и оваа година ќе организираат настан кој ќе остане запаметен по убавата енергија и насмевките изгравирани во мозаикот на прекрасниот град Струга.
Регистрација низ фази:
1. Фаза 01-28.02.2022
2. Фаза 01-31.03.2022
3. Фаза 01-30.04.2022
4. Фаза 01-17.05.2022
Мотото и оваа година е ,,Трчаме, рецитираме“ а сите заинтересирани можат да се пријават преку официјалната веб страница , www.poetryrun.mk.
Strugaonline

Facebook Коментари