Комисијата препорача укинување на сертификатите за влез во моловите

- Македонија
745

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски.

– Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следнитот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати, рече денеска на прес-конференцијата по состанокот, претседателот на Комисијата Александар Петличковски.

Facebook Коментари