Лев банер Десен банер

Џудо клуб ,,Дрим“ од Струга освои пет медали на Државно првенство за јуниори

Џудистите од џудо клуб ,,Дрим“ од Струга, освоија пет медали на Државното првенство во јуниорска конкуренција.
Дион Лена освои прво место во категорија до 66 кг, Христијан Глигороски е прв во категорија до 90 кг. Андреј Симоноски освои второ место во категорија до 66 кг, а истиот пласман го има и Андреј Вељаноски во категорија до 73 кг. Марио Нелоски освои трето место во категорија до 60 кг.
Кхалид Салиоски – 81кг, освои  петто место.
Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга има одличен учинок на ова првенство.
Со шест учесници освои пет медали, два државни прваци.
Strugaonline

error: