Денеска е светски ден посветен на лицата со Даунов синдром

- Македонија
564

Денеска се одбележува Светскиот ден на Даунов Синдром.

Секоја индивидуа денеска може да оддаде почит на лицата со Даунов Синдром носејќи шaрени чорапи, а и со лакирање на ноктите во разични бои. На тој начин се покажува солидарност и се работи на подигнување на свеста за овие лица и нивната инклузија во општеството.

Праксата на носење шарени чорапи  ја започнала организацијата  „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање. Идејата е дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

Facebook Коментари