ООУ ,,Браќа Миладиновци“ е дел од проектот „Фудбал во училишта” на Фудбалската федерација на Македонија
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), реализира проект за училишен фудбал низ повеќе основни училишта низ Македонија, вклучувајќи го и ООУ ,,Браќа Миладиновци“ од Струга .

Предвидените активности во Струга беа спореведени со ученички од четврто и петто одделение раководени од наставникот Жарко Ферукоски и тренерите Антонија Блажески и Ардиан Мерко.
Во проектот „Фудбал во училишта” може да учествуваат сите дечиња од вклучените училишта кои имаат желба да тренираат фудбал, но немаат соодветни услови.
Проектот за училишен фудбал предвидува активно вклучување на 76 основни училишта од цела Македонија, со учество на близу 5000 деца од второ до петто одделение, меѓу нив најмалку 1000 се девојчиња.
Целта на овој училишен проект на Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФСУМ е директна вклученост и ангажман на најмладите, нивен личен развој, како и почитување на основните вредности во животот. Една од важните работи потенцирани од Проектот за училишен фудбал е развој на женскиот младински фудбал.
Strugaonline
