Од полноќ повторно поскапуваат горивата

- Македонија
654

Од вечерва на полноќ нова корекција на цените на нафтените деривати.

 Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините и дизелот поскапуваат за 1,50 денари, со што литар дизел повторно ја надминува цената на бензините, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 3 денари. За 1,140 ден/кг се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,50 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 84 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 57,347 денари/килограм

Facebook Коментари