Банкрот Блуз бенд во сабота ќе настапат во Мезе бар Барабар
Оваа сабота (02.04.2022) во Мезе бар Барабар ќе има одлична забава за која ќе бидат задолжени Гуру Харе, Сашо Гигов-Гиш и Петар Ренџов, познати како Банкрот Блуз бенд.

Забавата ќе започне во 21:30 часот.
Резервации на телефон 071 319-075
Согласно мерките за заштита од Covid-19, настанот ќе се одржи со максимално почитување на истите. Дозволен е влез само за посетители кои се вакцинирани со две дози вакцина.

