Лев банер Десен банер

Заврши асфалтирањето на патот,,Боро Шаин“ со целосна реконструкција на атмосферска канализација

Уште еден реализиран проект во центарот на градот Струга.
Заврши асфалтирањето на патот,,Боро Шаин“ со целосна реконструкција на атмосферска канализација, водоснабдување и модернизација на подземната инфраструктура за сите постоечки кабли.
,,Со завршувањето на овој проект ќе се олеснат условите за движење на жителите од оваа населба, но и на сите граѓани кои се движат во тој дел од градот. Инфраструктурните проекти ќе продолжат и понатаму, секогаш во служба на граѓаните и за доброто на градот!,, – велат од Општина Струга.

error: