Во близина на авто камп кај Струга вчера се удави 66 годишен стружанец

- Хроника
848

На 5-ти јули 2022 година, во 14:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на плажа во близина на авто-камп кај Струга, во водите на Охридското Езеро било забележaно удавено лице.

 – На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за 66-годишниот В.Ц. од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари