Лев банер Десен банер

Времето денес -Претпладне сончево, попладне и навечер облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Утрово е сончево, а во источните и југоисточните делови има појава на мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денес ќе биде, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ=8

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.

Извор: УХМР

error: