Времето денес -Претпладне сончево, попладне и навечер облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец. Утрово е сончево, во северните делови со умерена, наместа и зголемена облачност.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. УВ=7
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината.
Извор: УХМР
StrugaOnline

