Лев банер Десен банер

Во последниве три дена регистрирани се 889 нови случаи на ковид 19, пријавени 10 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022):

Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559.

Во Струга моментално има 68 активни случаи.

error: