240 нови случаи на ковид 19, Струга 2

- Македонија
562

Во текот на 24 часа, направени се 1.084 тестови, при што се регистрирани 240 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 По градови:

• Скопје 119
• Битола 23
• Куманово 14
• Прилеп 13
• Охрид 12
• Кавадарци 9
• Тетово 7
• Кочани 5
• Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово по 4
• Свети Николе и Богданци по 3
• Штип, Струга, Неготино и Радовиш по 2
• Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (240), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од:

• Скопје 152
• Охрид 80
• Битола 36
• Кавадарци 30
• Прилеп 22
• Куманово и Гевгелија по 17
• Струга и Радовиш по 10
• Гостивар 8
• Кочани, Велес и Струмица по 7
• Штип и Неготино по 6
• Тетово и Дебар по 5
• Свети Николе 4
• Кичево и Валандово по 3
• Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево по 2
• Македонски Брод, Пехчево, и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80 години). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ регистрирани се 3 починати лица, од Прилеп (73 години), Демир Хисар (60 години) и Демир Капија (67 години). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во периодот од 16-ти до 24-ти август 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714

Facebook Коментари