Лев банер Десен банер

Портрет на академската сликарка Аница Китаноска од Вевчани

ВЕВЧАНСКИОТ  ВРУТОК  Е НЕЗАМЕНЛИВ  ЗА  МОЕТО  СЛИКАРСТВО

Да се пишува за младата академска сликарка Аница Китаноска од Вевчани, која во 2021 година дипломира на престижната Акедемија на убавата уметност во Равена, Италија, значи да се пишува не само за вевчанските вековити неимири – печалбари, туку пред се, да се потсетува дека и нејзините прадедовци и дедовци биле исто така, дел од непрегледната вевчанска тајфа – печалбари, кои оставиле трајни траги во многу градови и престолнини на Балканот и пошироко. Но, таа сега го продолжува своето образование како посдипломец во Равена, а тоа ќе рече дека наскоро ќе се здобие и со титулата магистер по ликовна уметност,специјалност – мозаичарство.

Таа за себе вели:

– Уште како ученичка во Вевчани мечтаев да станам сликарка, односно затоа што уметноста од мали нозе ме привлекуваше. Школувањето го продолжив во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје и, тука се пронајдов со целото свое битие. Желбата, едноставно ми беше остварена. Дека е така, најдобро покажува фактот дека мои ликовни творби беа избрани за колективната изложба што три пати по ред се одржуваше во галеријата „Мала станица“ во Скопје. Потоа се знае, го избрав патот за Равена…

Академијата на убава уметност во Равена, Италија, постои и образува академски сликари повеќе од 200 години, што е доволен податок колку таа традиција и долготрајна и проверена односно нашла одраз во творештвото на тука дипломираните повеќе светски познати и проверени сликари. Таа, за студирањето додава:

– Во Равена, во мојата генерација бевме шест Македонци, кои со висок успех студиравме и се потврдивме. Дека е така најдобро може да се види што најбрзо го научив и италјанскиот јазик за да следам настава. Но и, од наградите што ги освојувавв додека студирав. Не е нескромно ако кажам дека јас имам добиено две значајни награди за моето творештво, во многу силна конкуренција од бројни сликари. Во оваа прилика ќе ги спомнам мојата слика посветена на Данте Алигиери, со која учествував, а беше избрана меѓу повеќе илјади негови портрети и беше изложена по повод 700 –годишнината од неговата смрт. Но, учествував и на изложбата „Да живее Рембрамт“ беше избран од пристигнатите 8 илјади портрети, а беше изложен со останатите 575 избрани дела. Тука спаѓаат и моите избрани и изложени слики и мозаици на фестивалот на новиот филм во Пезаро, Италија, како и моето учество во повеќе групни изложби во Македонија и странство. А благодарност искажувам и кон својот професор – мозаичар Даниеле Страда…

Академската сликарка Аница Китаноска е скромна во своето претставување, и постојано истакнува дека сликарот нема време за починка, туку тој напротив, постојано треба да создава и да се надградува. Но, затоа пак, нејзината патоводна мисла е она што промоторот Мишо Китаноски, истакнат македонски новинар на отворањето на првата нејзина изложба на слики во родното Вевчани на манифестацијата „Вевчанско културно лето  – ВЕВКУЛ 2018“ рече и порача: „Таму каде што ќе бидат сликите на Аница Китаноска, таму ќе биде и Вевчани“ и побара точно поради тоа, таа да си го додаде и второто презиме – Вевчанска. Присутните на нејзината прва во животот изложба предлогот и аманетот за нејзиниот понатамошен уметнички развој да биде голем и траен, беше прифатен од присутните и поздравен со долготраен аплауз. Тоа нашата академска сликарка Аница Китаноска – Вевчанска, искрено го заслужува со благослов да постигнува и во иднина само успеси…

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: