По премиерната изведба на фестивалот „Охридско лето“, голем интерес за претставата „Секс, лаги и љубомора“ на охридскиот Народен театар, дело од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски.
– Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Народен театар Охрид.
Билетите по цена од 200 денари се продаваат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефони за резервации: 046/261-063 и 075/283-066.
Facebook Коментари