Во Струга и Вевчани се одржаа десетте јубилејни книжевни средби 2022
Во саботата на 17 септември оваа година се одржа десеттото јубилејно издание на „СТРУШКИТЕ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ 2022, една од најстарите во земјава и најпозната книжевна манифестација од меѓународен карактер.

Манифестацијата започна со посета на поетите од земјава и светот на прекрасното Вевчани, а во главната црква „Св.Никола“ се одржа „Поетска ….“, насловена: „од еден до друг брег“ (од једне до друге обале), што е наслов на заедничката поетската збирка со творби од по 14 македонски и хрватски поети.
Застапени се вкупно 28 поети, по 14 од двете земји, а авторите се од Охридско –струшката и Риечката ревијера. Збирката песни е издадена од Здружението за литература, култура и уметност, „Бран“ од Струга, инаку организатор на „Струшјите книжевни средби“ а во соработка со „Книжевното перо“од Ријека. Промотори на ова заедничка збирка на македонско – хрватски поети се: Васил Тоциноски, кој има напишано и предговорот на оваа книга, Димче Шипинкароски и Мишо Китаноски.
Присутните автори од Хрватска и Македонија ги чита своите песни. Македонски поети во оваа книга на хрватски јазик застапени се: Јован Стрезовски, Видое Видичевски, Мишо Китаноски, Милутин Бебекоски, Јован Негриески, Анастас Ќушкоски, Петко Шипинкаровски, Ранко Ристо Бебекоски, Смиле Наумоски-Брсјак, Тоде Илиевски, Миладин Угреновиќ, Витомир Долински, Зоран Јакимоски и Мерсиха Исмајлоска.
Делегација од учесниците со најтесното семејство го посетија вечното живеалиште во Струга, на истакнатиот македонско-струшки поет, писател, есеист и книжевен критичар, Петко Шипинкаровски, основач на „Струшките книжевни средби“, каде што му беше оддадена почит со полагање на свежо цвеќе и пригодно обраќање.

Во полпадневните часови, во хотелот „Београд“во Струга, беше одржана промоција на најновото јубилејно 20. издание на Списанието за литература, култура и уметност „БРАНУВАЊА“, овој пат исцело посветен на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски. Промотори на овој број „Бранувања“се: Проф. д-р Христо Петрески, претседател на Друштво на писатели на Македонија, истакнатиот новинар, публицист, поет, писател и голем пријател на покојниот Петко Шипинкароски, Мишо Китаноски, кој воедно одржа, беседа во чест и слава на Петко Шипинкаровски, насловена: „Беседа за човекот вреден како пчела и работлив како мравка или неиспратено писмо до мојот пријател – писател Петко Шипинкароски“ и младиот поет Димче Шипинкаровски, додека пак модератор на настанот беше Проф. Верица Мукоска.
Сопругата на покојниот Петко Шипинкаровски, Крста (Кети) Шипинкаровска, на истакнатиот струшки новинар во „Нова Македонија“ Наум Бајо, му ја врачи наградата за „Животно дело“за 2022.

Димче Шипинкаровски, неговиот син на Петко Шипинкаровски, кој ја продолжи традицијата на „Струшките книжевни средби“, за 2022 година, на Никола Шимиќ Тонин од Задар Р.Хрватска, му ја врачи Наградата за „Посебни книжевни остварувања од странство“.
На сите овогодишни учесници на манифестацијата и застапени автори во 20–от број на Ревијата „Бранувања“ им беа доделени Сертификат, за посебен придонес во афирмирмацијата на ликот и делото на македонскиот писател Петко Шипинкаровски, две збирки песни од П.Ш. и пластична статуетка – сталка за држење на книгата со наслов „Петковниот аманет“. Со настапот на учесниците на Конкурсот за творби посветени на Петко Шишпинкароски, беа затворени десетите „Струшки книжевни средби“.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

