Петко Шипинкароски: Во Македонија има читатeлска публика и почитувачи на литературната уметност

- Интервју, Локални
2166

Струга е град на вљубениците во пишаниот збор. Литературата овде се развива во нејзината најсофистицирана смисла. За поезијата, прозата, читателската публика како и за инспирацијата мислите и чувствата да се пренесат на хартија зборувавме со Петко Шипинкароски. Автор кој и Струга и Македонија ги претставува во најдобро светло надвор од нашите граници. Добитник е на многу награди и признанија кои сами по себе зборуваат за неговиот талент за пишување.

Strugaonline: Имате широк дијапазон на литературно творештво од десеттина романи, романизирани монографии, стихозбирки.Сметате ли дека во Македонија имаме читателска публика и доволно почитувачи на литературата?

Петко Шипинкароски: – Хм. Прво на прва?! Читателска публика во Македонија. Имаме. Јас, а верувам и Вие како автор при отпочнувањето со пишување и создањето на дела, нe помислувавте дали има читателска публика и дали ќе бидете читани, туку мотивот во мигот бил да се одбележи тоа што сте го доживеале, чуле и што го детектирате, скенирате или пак перципирале, а оставило длабоки траги во вашата меморија, или пак, сето тоа настожено благо ви тежи и притиска за да го ставите на хартија што ќе е сведок на времето што сте го живееле. Истовремено, да дадете придонес во оставањето на артефакти, постоење на семејните и национални корења на огништата каде што сте живееле, како и на државата Македонија за која убедени сте дека покрај семејството ви е сè што го имате на светот.

И второ, широк е поимот на читателска публика, особено што многу општествени и животни појави се присутни и придонесуваат кај љубителите на книгата да читаат наши, македонски автори. Треба време за да се елаборира и да се искаже свое мислење, кои фактори и како придонесуваат во (не)читањето.

Тука е и потпрашањето каде денеска се наоѓа македонскиот писател. Сосема кратко би одговорил. Заплеткано?!

Strugaonline: Што се до сега ви послужило како мотивација и инспирација  за чувствата и мислите да ги пренесете на хартија?

Петко Шипинкароски: Една мисла постојано ми се врти и ми е ѕвезда водилка, а тоа е животот на Македонецот и македонската земја препратено низ општествено-историските прилики, до денешни дни. Тука можи да се собере се во прозното, поетското, драмскоти, историското, па дури и кога се работи за есеистичките осврти и трудови.

Започнав како ученик во осмите одделенија кога на Отворената програма на Радио Битола во шеесеттите години, а беше наменета за учениците од Битола и битолско течеше програмата „Даваме најдуховит одговор“. Победив на прашањето „Што претставува школскиот дневник“. Мојот одговор гласеше „Судија што води натпревар во две етапи и едно полувреме“ и на мое изненадување но и огромно задоволство, беше објавено дека на прашањето и дадениот одговор победни е Петко Шипинкаровски, ученик во ОО „Борис Кидриќ“ од Старавина.

Со посериозни трудови започнав во деведесеттите години од минатиот век. Најпрвин со јавување во рубриката писма во дневниот весник Нова Македонија, а подоцна како дописник  на истиот медиум, каде имав забелителни написи, пред се репортажи, а посериозен труд беше фењетонот „Рудолф Арчибалд Рајс за Македонија и за Македонците“ што течеше во ноември 1997.

Со романот „Откорнати души“ дебитирав во 2003 година. Истиот беше силно примен во новинарските и книжевните кругови во Македонија. „Мрачни страници за голготата на Македонецот“ беше насловот во есеистичкиот труд на Ванчо Меанџиски објавен во весникот Македонско сонце. Опширен приказ за романот имаше и новинарот Коста Попоски во Утрински весник, потоа објави имаше во Вест и други медиуми, а осврти имаше на Македонската телевизија и други електронски медиуми.  Потоа следуваа романите „Петра“, „Црна љубов“. „Дабјак“, „Златни обетки за Марија“, „Децата на Марија“, „Утринска молитва“, па романизираните монографии  „Струшки сведоштва“ и „Кога тргнав Цвето во туѓина“ посветена на македонскиот песнописец стружанецот Абас Цаноски. Следуваа и повеќе поетски книги, потоа книги раскази, па книги во драмското творештво, преведени книги на бугарски и полски писатели, зборници и книги од драмското творештво, како и бројни песни и прозни трудови од бугарски, српски, словенски, руски, полски, хрватски и црногорски автори.

И да појдеме на главното прашање, Мотивот во моето творештво.

Пред се реков, настаните оставилe длабокли траги во вашата меморија што е жива историја, или пак сето тоа настожено благо ви тежи и притиска во мигот да го ставите на хартија што ќе сведочи сега и ви времињата што доаѓаат за одните огништата и тланици каде што сте живееле, за татковинската и своја Македонија,  за која реков дека покрај семејството ви е сè што го имате на светот.

И токму во романот, или повеста „Откорнати души“ ги осведочувам маките и страдањата на Македонецот во Првата светска војна на тлото на Мариово каде с. Градешница, родно село на татко ми, припаѓа под бугарските окупациони сили, а по мајка ми Будимирци, под српските. Заедно од останатите села Старавина, Груништа, Будимирци и Бзовиќ населението под невидена присила е избркано од своите домови од двете спротивставени вооружени сили кои се потпомогнати од нивните сојузници, а селата запалени и до темел изгорени. Мачни се страдањата на месното население во интеграција и пото по нивното враќање во своите села и обновување на домовите и враќањето на животот. Слики од непосредните случувања во Големата војна ги вадам и во романот „Децата на Марија“. Основно е што поголениот дел на настаните во моето прозно творештво се вистинити.

Значаен е трудот „Рудолф А. Рајс „За Македонија и за Македонците“, книга со историска содржина со кој успеав да го свртам вниманието на македонската историја, велев тогаш, а сега кон моите тези ми се приклонуваат и други историчари, Р.А.Рајс дека е пријател на Македонија и на македонскиот народ. Многумина сметаа дека тој бил голем непријател на Македонија и Македонскиот народ но кога работев на трудот дојдов до констатација дека неговото дело е од посебно значение. Зошто? Во деновите на Големата војна, Рудолф А. Рајс боравел во пределите на Кајмакчалан и по селата и градовите на Македонија Солун, Лерин, Битола и местата што ги пустошеле завојуваните страни. Во своите извештаи тој топонимите ги пишувал со истоимените имиња, додека пак со восхит известувал за убавините на Македонија. Посебен белег и најзначен е тоа што во 1918 година од Париз на светот ќе им порача: „Реков дека вашите бугарофони би ги нарекол Македонци. Вие ги нарекувате тие луѓе бугарофони поради нивниот јазик којшто личи на бугарскиот. Но дали е тоа бугарски, дали е тоа истиот јазик што се зборува во Софија? Не. Македонскиот личи исто толку на српскиот колку и на бугарскиот. Не сум лингвист и нема да си дозволам сопствен суд, но незаинтересираните балканолози ми тврдеа дека македонскиот личи повеќе на српскиот отколку на бугарскиот. Можно е да има лингвисти што го тврдат спротивното. Но факт е дека македонскиот не се зборува  ни во Софија, ни во Белград. Тоа е посебен словенски јазик, како што е тоа кај нас, во Швајцарија, романшкиот,  што се зборува во Гризо, покрај италијанскиот.

Спорд мене, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец.“ – му порачал Германско-швајцарскиот научник и публицист Рудолф А. Рајс, на светот. Оттука, трудот што го вложив заслужува внимание.

Значи од историски агол творештвото го темелам на историските факти и вистини за Македонецот и дражавата, потоа, општествено-политичките случувања, колективизацијата, миграцијата на населението село град, како и „според мене“ македонската економска „голгота“ или големите преселби по сите краишта на светот, асимилацијата, воспитанието  во семејниот и образовниот процес и всадувањето љубов кон младиот човек да се сака и живее за Македонија. Тука е и Еврејската тема во прогонот, блиска со Беломорската, на Македонецот, потоа оттуѓувањето во животниот процес на поединецот од реалната вистина и многу други појави се прилика за доловување на слики во прозното и драмско твореештво. Поезијата ја разбирам како пасија за релаксација, а не оптоварување со изнесување на реалните слики и вистини, но и жестоки предупредувања, како што е и во прозното. Оттука во поетскот творештво преовладуваат лирични прикази, татковински пејсажи, урбани метежи, рурална идила и љубовни занеси кон вистинската љубов, но и љубовта кон семејството, татковината, и жената како убавина, сласт и бит и стожер на човековиот опстој.

Strugaonline: Неодамна ја добивте Високата награда и диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и наградата „Јубилејна грамота“ за дебитантско учество, на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017) што го распиша еден од најголемите руски портали стихи ру – Москва. Тоа значи дека Вашиот труд е признат и надвор од нашите граници, објавуван сте исто така и во Бугарија, каков е односот кон поезијата во Македонија, а каков е во странство?

 Петко Шипинкароски: Среќа и задоволство е кога по големиот труд што ќе го вложите, независно во која област творите, се признанијата кои доаѓаат од дома или пак од надвор. Бројни се ваквите признанија за поетски и прозни дела и за трудот штто го вложувам низ годините.

Високите признанија што неодамна дојдоа од Москва-Русија, е исто така резултат на еден широк творешки ангажман и придонес во зближувањето на македонската култура со Балкански и светските… Тука е придонесот во афирмацијата на македонскиот јазик, култура и македонските автори во поголемиот број странски гласила и објави, и виза ви странски автори, овојпат руски во македонските списанија и други објави, што го правам со нивните претставувања и препевите од руски на македонски.

Така и престижниот, угледен руски портал тоа го верификуваше со големите награди и признанија што ги спомнавте  Високата награда и диплома од првстепен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и наградата „Јубилејна грамота“ за дебитантско учество, на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017) што го распиша едено днајголемите руски портали стихи ру – Москва., како и за уметничката вредност на песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“. Задоволството е поголемо што вреднувањето е направено од меѓународно жири составено од угледни автори кои знаат да го вреднуваат трудот на авторот. Тука жирито ја препознало и разобличила метафората за љубовта на езерото и човекот прикажана преку дијалогот што го води со девојката, додека пак во „Мочуриште“ сликите и приликите во татковината на ерозијата на нејзината снага што доаѓа  од субјективна природа, и најнакрај во песната „Плагијат“, каде и во поетското творештво, нажалост, поединци автори се послужуваат со туѓи стихови, и како резултат на тоа успеваат во одредени прилики и да бидат закитени со награди, односно, народот наш рекол „со туѓи перја.“

Да биде одговорот целосен, мои прозни и поетски дела објавувани се во повеќе книжевни списанија во Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Полска, Русија, Романија…, што доволно зборува и за мојот пристап кон сето тоа.

Strugaonline: Уредник сте на весникот „Бранувања“. Станува збор за книжевен весник. Колку младите се заинтересирани за пишаниот збор? Меѓу другото, има ли волонтери во Вашата редакција?

Петко Шипинкароски: Седма година како списанието „Бранувања“ излегува во Струга и тоа нас не чине среќни и горди, токму заради тоа што неговото куќно место е Струга, а се пласира на лица, автори и установи домашни и странски во Македонија, на автори и соработници во земјите што ги спомнав, но и во други земји: Башкортостан,  Албанија, Америка, Германија, Словенија…

Отсекогаш сум се залагал во македонската литература да се промовираат млади автори. Зошто? Имав и имам прилика во повеќе случаи да се сретнам со автори кои дебитираат во поетското и прозно творештво, а нивните дела заслужуваат внимание. Подоцна, на мое задоволство, таквите твредења резултираат и со соодветни признанија. И во страниците на Бранувања, но и во доделувањето на наградите по конкурсот што го носат името на струшките автори Јован Котески и Крсте Чачански, токму млади автори станале добитници на престижната награда. Подоцна, низ промоциите и критиката, резултатот е дека оценките на комисијата за наградата биле оправдани, а за младиот автор било обврзувачки, потемелно и посмело да чекори во создавањето на повредни дела. Исте е случајот и на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ каде не само што на младите автори им се овозможува да се претстават на „Поетското матине“ на Вевчанските извори и на „Поетскиот хепенинг“ што се одржува во кругот на Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, туку некои од нив се закитуваат и со наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна, но и големата награда „Книжевна далга“ што за прв пат беше доделена на манифестацијата, а заслужното признание појде токму кај нашата-струшката млада авторка, Мерсиха Исмајлоска. Мое мото е и натака, особено поддршката да е кај младите, и кај деби автори.

Strugaonline: „Струшки книжевни средби„ „Година на есејот„ ,,Струшки вечери на поезијата“ се манифестации кои Струга ја етикетираат како лулка на поезијата. Како било некогаш, како е сега?  Губи ли сјај поетската уметност или успеваме да го одржиме духот?

Петко Шипинкароски: Нашиот разговор не би имал смисла ако не ја дотакневме темата Струга и фестивалите или Струга низ книжевните и други културни манифестации.

Ретко кој град во Македонија, па и пошироко ако сакате, ја има таа вековна традиција на создавањето на дела низ уметноста, во творештвото, во духовното творештво,  сликарството, музичкото творештво, поезијата, романите и драмата, до организираната промоција и презентација на дела на струшките автори, но и на авторите од крајезерието, Македонија и светот.

Познато ви е дека драмските активности во Струга датираат од 1908 година што е дело за почи и гордост на Струга.

Експанзија на презентација на поетска Струга во Македонија, доживува во годините на Заедничката држава Југославија и зачетоците на светски познатата манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Тоа е фестивал што датира од 1961 година и низ него и по струшката калдрма и мостови поминале илјадници одбрани поети од Македонија и светот. Некои од нив биле или станале нобеловци, а учествувале и високи претставници на држави и влади. Кон тоа само би додал дека грижата на создавањето и растежот на фестивалот била на граѓаните на Струга, Градот Струга и неговите избраници во локалната власт, Министерството за култура на Република Македонија и УНЕСКО. Сето тоа доволно зборува за неговото значење и за сериозноста кон пристапот во одржувањето и градењето на фестивалот. Би додал, некогаш, деновите на одржувањето на Струшките вечери на поезијата беа Празник за Струга и стушко, а настаните, отворањето и завршниот дел на фестивалот беа препратени со ракоплескање на илјадници граѓани. Градот беше закитен со симболи на учесниците, објави, крајбрежно осветлени водите на реката Дрим и сето тоа пратено со кајчиња и веслачи од спортските клубови на градот.

Исто така, значајно место во негувањето на културно историските и револуционерни традиции на Македонија беше повеќедецениското одржување на манифестацијата „Гоцеви денови“ во Подгорци, каде, низ 45 годишното одржување, со „Гоцевата повелба“ се загордија значајни македонски уметниоци, а самиот чин на одржување на манифестацијата претставуваше исто така празник на Струга, Подгорци, Армијата на РМ и другите субјекти од општествените дејности и граѓаните. Нажалост веќе четврта година, според мене, и оваа значајна манифестација, згасна.

По дватринаесто годишно одржување, а можеби и некоја година плус, згасна исто така и манифестацијата „Духовни конаци“, на која покрај големиот број настапи на македонски автори, беа доделувани наградите „Духовен воин и „Велја кутија“. Познато ни е дека нејзиниот прв човек, нажалост, прерано почина.

На струшката културна сцена во последните години присутни се уште три манифестации: спомнавте „Година на есејот“ и Струшките книжевни средби“, но ме радува фактот што во последните 4-5 години присутен е фестивалот „Дри мон“ што мошне успешно го организираат некоку млади ентузијасти и од година во година забележителен е негов растеж со големиот број содржини и настани.

Strugaonline: Сосема за крај на овој разговор, да се вратиме на Вашето творештво. Кои се Вашите идни планови?

Петко Шипинкароски:  Како прв човек на Културниот центар Бран, заедно со редакцијата на списанието Бранувања и Советот на Фестивалот „Струшки книжевни средби“ ќе настојуваме и во иднина да брануваме во Македонија и пошироко. А на личен план, и во годините што доаѓаат ќе има и нови дела.

Извор: StrugaOnline

Ирена Мрческа

Facebook Коментари