Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа кај превојот „Буково“

- Хроника
613
На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“управуван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.А.(21) од Охрид, дватасо охридски регистарски ознакии патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.П.(59) од битолското село Бистрица.Во несреќатадвајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повредидодека Е.К.(19) од Охридсопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49)и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повредиконстатирани во болницата „Св.Еразмо“ во ОхридУвид на местото на несреќата извршија полициски екипи. 
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари