Лев банер Десен банер

Од полноќ поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Од вечерва  на полноќ повторно намалување на цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цените Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 83,50 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 41,783 денари/килограм.

error: