Директорот на ХЕС ,,Црн Дрим“ им подели новогодишни пакетчиња на дечињата на детското одделение во болницата во Струга

Денеска директорот на АД ЕСМ Подружница ХЕС ,,Црн Дрим“ Сашо Коркут во име на компанијата и во соработка со синдикатот, ги подели новогодишните пакетчиња на дечињата сместени на детското одделение во ЈЗУ Општа Болница Струга. Директорот изрази благодарност до персоналот на болницата за нивниот несебичен ангажман, а на децата сместени на детското одделение им посака што поскоро закрепнување.
Strugaonline

