(ВИДЕО) Гуру Харе и Игор Џамбазов го промовираа спотот за ,,Заветна“

- Музика
542

Игор Џамбазов и Гуру Харе го промовираат спотот за песната ,,Заветна“ која неодамна ја преработија во блуз верзија.

Спотот е во режија на Гоце Трајковски, а монтажата е дело на Стефан Меновски.

,,Оригиналната песна е дело на браќата Барбаровски, јас сум автор на аранжманот и моја е идејата. Песната е снимана и продуцирана во студио Тралала – Скопје од Мите Димовски. Придружните вокали ги отпеа Тамара Тодевска. ,,-изјави Харе.

Во снимањето учествуваа членовите на Гуру Харе бенд: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски.

Facebook Коментари