1000 верници и 450 деца беа дел од Бадниковата поворка во Струга

- Локални
1003

Бадниковата поворка во Струга оваа година ги надмина сите очекувања. Околу 1000 верници и 450 дечиња го најавија Христовото раѓање.„Струга никогаш не била толку весела и во празничен дух како оваа година. Изненадена сум од огромниот број на верници кои учествуваа. Тоа ни дава поттик за следната година да имаме повеќе активности,  размислуваме и за мал Бадников концерт. што ќе донесе уште поголема празнична атмосфера“ -изјави Лидија Николоска, организатор на Бадниковата поворка во Струга. Денешната глетка докажа дека стружани се духовни луѓе кои живеат сплотени во верата почитувајќи ги големите христијански празници.

Strugaonline

Фото: Влатко Василевски

Facebook Коментари