Рождество Христово – Божик

- Македонија
727

Денеска се празнува големиот христијански празник Рожденство Христово -Божик.

Меѓу народот постои поговорката „Пред Божик, зад Божик, кај и да си, дома да си“, што значи дека за празникот треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот. Овој празник е основата  на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

После вчерашната посна трпеза, со оглед на тоа дека денеска завршија Божикните пости, во домовите се подготвува богата трпеза и се слави Христовото раѓање.

Денеска се иразуваат желби за здравје, среќа, љубов и берикет. Божик е празник на радоста и надежта.

Facebook Коментари