Утре во Соборниот храм ,,Свети Ѓорѓи“ ќе се отслужи света архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополит г. Тимотеј

На 14. 01. 2023 година, кога Црквата го слави празникот посветен на Обрезанието на Господ Исус Христос, споменот на Свети Василиј Велики и почеток на Новата година, во Соборниот храм ,,Свети Ѓорѓи“ во Струга ќе се отслужи света архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
Пречекот на архерејот е закажан за 8:45 часот, а во 9:00 часот ќе започне Литургијата.
