Kривична пријава за четири лица од Прилеп, узурпирале плажа кај Љубаништа

- Локални
404

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

– Тие, на 19-ти август 2022 година, во атарот на охридското село Љубаништа, неовластено зазеле плажа покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост и без одобрение од надлежен државен орган, противправно поставиле камп единица, составена од шатори, камп приколки и моторни возила адаптирани за кампување, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари