Почина Крсте Чакар, еден од основачите на Струшкиот ракометен турнир

- Локални, Хроника
944

На 86-годишна возраст почина Крсте Чакар, едно од најзначајните имиња кога станува збор за ракометот во Струга.

Чакар е поранешен ракометар на Струга и Работнички како и еден од основачите на струшкиот ракометен турнир.

Сосема заслужено, во текот на својот живот Чакар доби бројни медали и плакети за придонес во спортот.

Чакар е автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман.

Имал завршено Филозофски факултет отсек книжевност, и работел како професор по македонски јазик во СОУ ,,Нико Нестор“ во Струга.

Facebook Коментари