Утре во Струга мартовско пладневно матине со хорот ДримВокс
Детскиот хор ДримВокс го најавува и ве поканува на нивното мартовско пладневно матине.

,,Оваа сабота, 11-ти март, ќе ви испееме неколку наши песнички, со кои ќе ви предизвикаме радост и насмевки! Ве очекуваме во поголем број за што повесело да се подружиме! ,,- велат од ДримВокс
Матинето ќе започне во 12:00 часот во Паркот на поезијата во Струга. Во случај на лоши временски услови, настапот ќе се одржи на платото на Центарот за култура, или внатре во холот.
