Почина познатиот актер Димче Мешковски

- Хроника
461

Почина  познатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер  и хуморист Димче Мешковски . Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77 годишна возраст.

Во текот на неговата кариера оствари улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии како „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии меѓу кои и „Хихирику“ и играни филмови како „Викенд на мртовци“.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Facebook Коментари