Амбасадата на САД денеска во Струга и Охрид ќе презентира програми за стипендирање и размена на студенти

- Локални
1027

Претставници на Амбасадата на САД, денеска  во Скопје,  Охрид и Струга ќе ги презентираат образовните програми за стипендирање на студенти за работа, студентска размена и учење во САД.

Презентацијата во Охрид ќе биде со почеток во 11 часот во просториите на Факултетот за Туризам и угостителство.

Додека во Струга ќе има презентација на Правниот Факултет „Св.Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот, а во Американското катче во Струга со почеток во 15:00 часот ќе биде презентација за пошироката јавност.

Се нудат неколку програми, кои се однесуваат не само на студенти, туку и на продесори, преку Фулбрактовата програма, потоа Програма за заедништво на Хкуберт Хамфри, програма за македонските медиуми и слично.

извор:ОхридПрес

Facebook Коментари