Малолетничка од струшко село извршила кражба во продажен објект во Струга

- Локални
1051

На 18-ти април 2023 година, во 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетничка од струшко село.

– Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект во Струга, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари