Билтен на СВР Охрид за 6-ти и 7-ми јули

- Локални
623
На 06.07.2023 година во 18.40 часот, во ОВР Струга приведен е О.Е.(21) од струшкото село Тефериќ. При контрола на патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки што тој го управувал, претходно извршена на регионалниот пат Струга-Дебар, кај месноста „Моројшки мост“,  полициските службеници од инспекторатот за борба против дрога и оружје, кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол и една рамка за пиштол, што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот за кој, известен е јавен обвинител, против О.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против Е.М.(23) од село Радолишта, струшко, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.
На 05.04.2023 година пријавениот, за да се стекне со противправна имотна корист, на Д.В. од село Велешта, струшко, му продал кокаин, кој откако го употребил му се слошило и бил пренесен во Општата болница во Струга.
На 06.07.2023 година во 18.10 часот, на улица „Новопроектирана“ во Охрид ,нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Н.(46) од Скопје и Г.Ш.(50) од село Велгошти, охридско. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид патничко возило „форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто“ и „волво“ со охридски регистарски ознаки и „мазда 5“ со српски национални ознаки. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари