Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
6 Лазарополе, 7 Берово, 8 Попова Шапка, 9 Маврови Анови, 10 Тетово, Битола, Охрид, Крива Паланка, 11 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, Претор, 12 Струмица, 13 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, 14 Куманово, Виница, 15 Кавадарци, Велес, 20 Гевгелија, Дојран.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, со слаб променлив ветер. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=7
Извор: УХМР, фото: Архива
StrugaOnline

